РЕЖИСЕРОТ МАНСКИ ГОСТИН НА ВЕЧЕРАШНАТА ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМОТ ЗА ПОДЕМОТ НА ПУТИН НА ФЕСТИВАЛОТ КИНЕНОВА

    РЕЖИСЕРОТ МАНСКИ ГОСТИН НА ВЕЧЕРАШНАТА ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМОТ ЗА ПОДЕМОТ НА ПУТИН НА ФЕСТИВАЛОТ КИНЕНОВАДокументарецот „Путиновите сведоци“ на Витали Мански (десно) е редок автентичен поглед на младиот Путин и на неговиот подем кон еден од најмоќните луѓе на светот (Фото: Продукција на филмот)

    „Путиновите сведоци“ на Витали Мански ќе се прикаже вечерва од 20 часот во Кинотеката, во рамките на фестивалот Киненова. Самиот режисер ќе присуствува на проекцијата и потоа ќе одговара на прашањата од публиката.

    Настаните во филмот почнуваат на 31 декември 1999, кoга во Русија беше избран нов претседател. Документарниот филм е заснован на уникатните документирани сведоштва за вистинските причини и последици од операцијата „Наследник“, по кои Русија го испрати во заборав својот дотогашен претседател Борис Елцин.

    Главни протагонисти во филмот се Борис Елцин, Михаил Горбачов и Владимир Путин. Филмот на Мански е редок автентичен поглед на младиот Путин и на големата политичка машинерија која му помогнала да добие со огромна моќ.

    „Сомнеж“, последниот филм на турската режисерка Јешин Устаоглу, ќе се прикаже од 18 часот, а на крајот на овој фестивалски ден е бразилскиот филм „Сократес“ на Алешандре Морато.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари