„РОЛИНГ СТОУНС“ ГО ПОТВРДИ ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА ПРВИОТ АЛБУМ СО ОРИГИНАЛНА МУЗИКА ОД 2005

    „РОЛИНГ СТОУНС“ ГО ПОТВРДИ ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА ПРВИОТ АЛБУМ СО ОРИГИНАЛНА МУЗИКА ОД 2005Групата денеска ќе ги објави деталите од албумот насловен „Hackney Diamonds“ (Фото: АП)

    Ролинг стоунс“ потврди дека се подготвува да го објави својот прв албум со оригинален материјал по 18 години пауза. Групата кажа дека денеска ќе ги објави деталите од албумот насловен „Hackney Diamonds“, во интервјуто на Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд со американскиот водител Џими Фалон. Настанот во населбата Хекни во Источен Лондон ќе се пренесува ексклузивно на Јутјуб.

    Хекни можеби е срцето на албумот, но ова е вистински глобален момент и сакавме да го споделиме со фановите преку Јутјуб“, соопшти британската група.

    Ова ќе биде првиот албум на „Стоунс“ по смртта на долгогодишниот тапанар Чарли Вотс во 2021, а вкупно 26. студиско издание. Најавено е дека гостин на новиот албум е Пол Макартни, кој свири бас гитара на една песна и дека содржи и снимки направени со Вотс пред неговата смрт.

    Ролинг стоунс“ го издаде последниот албум во 2016, но тој содржеше блуз обработки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира