Филмот „Ругање со Христос“, дебито на македонскиот режисер Јани Бојаџи, доби награда за иновативност на Филмскиот фестивал во Монтреал, Канада. На 42. издание на фестивалот, кој се одржуваше од 23 август до 3 септември, победи унгарскиот филм „Куртиз“ на Тамас Иван Тополанзски.
„Ругање со Христос“ е македонско-грчко-француска копродукција, а светската премиера беше на 30 август во Монтреал.
- НЕ СУМ ГО ГЛЕДАЛ „РУГАЊЕ СО ХРИСТОС“, МИНИСТЕРОТ АДЕМИ МИ ИСПРАТИ ТРЕЈЛЕР И УВИДОВ ДЕКА Е ПАРТИСКА ПРОПАГАНДА И ЗАЗЕМА СТРАНА, ВЕЛИ ТОЗИЈА ЗА ФИЛМОТ НА БОЈАЏИ ШТО ГО ОСУДИЈА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА И АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ
- МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ПОВИКУВА НА НАСИЛСТВО И ТЕРОР ВРЗ МЕНЕ, ВЕЛИ РЕЖИСЕРОТ НА „РУГАЊЕ СО ХРИСТОС“ ЈАНИ БОЈАЏИ
- ИАКО НЕ ГО ГЛЕДАЛ, МИНИСТЕРОТ АДЕМИ СМЕТА ДЕКА ФИЛМОТ „РУГАЊЕ СО ХРИСТОС“ Е НАВРЕДЛИВ ЗА АЛБАНЦИТЕ
Изминативе деновиви, „Ругање со Христос“ е актуелен по реакциите од Министерстот за култура Асаф Адеми и од директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, кои иако велат дека не го гледале филмот туку само трејлерот, го оценија како скандалозен, без уметничка вредност и оти ги навредува чувствата на Албанците оти војниците на ОНА се претставени како насилници силувачи.
Режисерот Бојаџи вчера за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека Министерството за култура повикува на насилство и терор врз него како уметник и насилство и терор врз неговиот филм како уметност и осудата ја нарече „вовед во фашизам во Македонија“.
Според режисерот Бојаџи, во неговото долгометражно режисерско деби се испреплетуваат четири приказни, работен е според вистински настани од блиската историја, едната е битката на Радуша и киднапирањето и малтретирањето на мавровските работници за време на воениот конфликт 2001, како и убиството на младиот Ванчо Каранфилов во Тетово, кој беше застрелан додека играше кошарка.
Филмот на Бојаџи беше поддржан од Агенцијата за филм на конкурсот во 2015 со 18.000.000 денари (над 290.000 евра), под работен наслов „Здивот на Ангелот“ во продукција на неговата куќа „Орион продакшн“. Бојаџи е продуцент, режисер, сценарист, монтажер и продукциски дизајнер на овој филм..
Приказната во филмот е за Александар Филипопулос (го игра Љупчо Тодоровски- Упа), новинар во познат политички магазин во Париз, Франција, со потекло од Грција, во деновите кога неговиот личен и професионален живот е на раскрсница, добива писмо од Вани (Младен Крстевски) инаку негов братучед од Грција дека татко му Лазар (Мето Јовановски) умрел во Македонија. Тогаш сѐ тргнува наопаку.
Б. НЕСТОРОСКА