ШТИПСКИОТ ЗАВОД И МУЗЕЈ СЛАВИ 70 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ СО АРХЕОЛОШКА ИЗЛОЖБА СО 200 ПРЕДМЕТИ СТАРИ МИЛЕНИУМИ И ВЕКОВИ

    ШТИПСКИОТ ЗАВОД И МУЗЕЈ СЛАВИ 70 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ СО АРХЕОЛОШКА ИЗЛОЖБА СО 200 ПРЕДМЕТИ СТАРИ МИЛЕНИУМИ И ВЕКОВИ

    Изложба на археолошки предмети кои датираат од доцниот неолит, 6.000 години пред н. е. до доцниот среден период, се отвори во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип во чест на 70 години од основањето на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј во Штип.

    „Презентиран е само дел од пронајдениот археолошки материјал кој брои околу 800 предмети изведени во камен, стакло, метал, керамика. Тоа се резултати од археолошките истражувања извршени во 2017 и 2018 на локалитетите Врчва, Марчово, Тополничка Река, Канли Шаир – Бојковци, Пилав Тепе и Манастариче“, вели Гордана Јанева.

    Таа, заедно со директорот на Завод и музеј Штип Митко Штерјов се автори и на изложбата и на книгата со каталог во која се презентирани археолошките предмети.

    „Во истражувањата на овие локалитети се добија значајни информации за материјалната и духовната култура на жителите од неолитските населби на просторот меѓу Штип и Радовиш. Презентиран е еден обликуван збир на податоци и една документираност од поширок интерес, каде акцентот е даден на автентичноста како важен дел од куклтурно-историскиот развој на овие простори“, вели Штерјов.

    Изложбата ја отвори министерката за култура Ирена Стефоска, која кажа дека и во иднина ќе се поддржуваат вакви проекти и дека на почетокот на годината ќе се знаат кои  проекти ќе бидат прифатени од Министерството за култура.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира