„СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ“ НА ИВАН ПОПОВСКИ НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА ВО РУСИЈА

    „СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ“ НА ИВАН ПОПОВСКИ НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА ВО РУСИЈА

    „Сонот на летната ноќ” на реномиранот македонски режисер Иван Поповски е прогласена за најдобра претстава во Русија, според изборот на публиката. Поставката на Поповски ја освои главната награда „Sвезда на театралот” во категоријата Најдобра претстава – голем формат, и ги победи претставите на режисерот Евгениј Писарев и на театарскиот великан Роберт Вилсон.

    Интересно за оваа награда е дека од номинациите до изгласаните најдобри, сѐ е во рацете на публиката. Таа со гласање на веб-страницата на списанието „Театрал” ги предлага своите фаворити и понатаму публиката преку Интернет гласање ги избира своите најдобри. Оваа година во гласањето учествуваа околу 69.000 гледачи. На почетокот на септември беше оформен потесниот избор од по три претставници, гласањето заврши на 30 ноември, а на 5 декември на свечена манифестација во Театарот на Вахтангов беа прогласени победниците.

    Поставката на Поповски ја освои главната награда “Sвезда на театралот” во категоријата Најдобра претстава – голем формат, и ги победи претставите на режисерот Евгениј Писарев и на театарскиот великан Роберт Вилсон

    Поставката на Поповски ја освои главната награда “Sвезда на театралот” во категоријата Најдобра претстава – голем формат, и ги победи претставите на режисерот Евгениј Писарев и на театарскиот великан Роберт Вилсон

    „Сонот на летната ноќ” на Иван Поповски победи во две категории – Најдобра епизодна женска улога за улогата на Елена за актерката Ирина Горбачова и Главната награда на фестивалот за Најдобра претстава во целина – голем формат.

    Покрај претставата на Иван Поповски, во најтесниот круг влегоа и претставите „Куќата што ја изгради Свифт” на Театарот „Пушкин”, а кој што во почетокот на 20 век беше  еден од најпознатите театри на Русија и Советскиот Сојуз, Камерен театар,  предводен од легендарниот режисер Александар Таиров (еден од четирите столба, покрај Станиславски, Мејерхољд и Вахтангов, врз кои се темелеше рускиот театар во тоа време) во режија на Евгениј Писарев и претставата „Сказните на Пушкин” на Театарот на нациите во режија на Роберт Вилсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира