СПАЈК ЛИ ЌЕ БИДЕ ПРВИОТ ЦРНОМУРЕСТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЖИРИТО ВО КАН

    СПАЈК ЛИ ЌЕ БИДЕ ПРВИОТ ЦРНОМУРЕСТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЖИРИТО ВО КАНСпајк Ли е еден од поредовните учесници на Канскиот филмски фестивал (Фото: АП)

    Американскиот филмаџија Спајк Ли ќе го предводи жирито на годинашниот, 73. Кански фестивал и организаторите се надеваат дека „провокативниот режисер малку ќе ги протресе работите“ на собирот на светската филмска елита.

    „Почестен сум што станав прва личност од африканската дијаспора на оваа престижна позиција“, изјави Ли, кој минатата година го освои првиот оскар, за најдобро сценарио за „Црниот член на Кју-Клукс-Клан“.

    Организаторот на фестивалот Тјери Фремо вели дека изборот на првиот црномурест претседател на жирито не е политичка одлука, туку порака на универзалност. Голем дел од филмовите на Ли беа прикажани во Кан, а „Црниот член на Кју-Клукс-Клан“ лани ја доби главната награда на жирито.

    „Кога ми се јавија, бев шокиран, среќен, изненаден и горд во исто време“, кажа Ли.

    Годинашниот фестивал ќе се одржи од 12 до 23 мај.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари