СРПСКАТА АКТЕРКА ТАЊА БОШКОВИЌ СПЕЦИЈАЛНА ГОСТИНКА НА ФЕСТИВАЛОТ КИНЕНОВА

    СРПСКАТА АКТЕРКА ТАЊА БОШКОВИЌ СПЕЦИЈАЛНА ГОСТИНКА НА ФЕСТИВАЛОТ КИНЕНОВАБошковиќ има преку четириесет години плодна театарска, телевизиска и филмска кариера.

    Една од најпознатите српски театарски и филмски актерки, Тања Бошковиќ е годинашен добитник на наградата за посебен придонес во светската филмска уметност, која ја доделува Интернационалниот фестивал на дебитантски филм Киненова.

    „Оваа награда, секако многу ми значи, како и сите награди, но секогаш кога ќе добијам награда мислам дека не сум ја заслужила. Кога ќе добиете признание за особен придонес тоа честопати значи дека веќе сте ја завршиле вашата работа во кариерата, сте одиграле сѐ она што е важно и сте се оствариле себеси. Секако од друга страна, исклучително ми значи и претставува еден вид потврда на сето она што досега сум го работела, во целата моја досегашна кариера“, изјави актерката, позната по улогите во ТВ-серијата „Диви јагоди“, филмовите „Мајстори, мајстори“, „Човек со четири нозе“, „Полицаец од Петлово Брдо“, „Војна во живо“, „Окупација во 26 слики“, „Балкански правила“, „Те сакам најмногу на светот“ и „Петтата пеперуга“, „Балкан Експрес“, како и ТВ-серијата „Среќни луѓе“.

    Четвртото издание на Киненова почнува в петок во киното Милениум, а од 5 до 13 октомври ќе трае во Кинотеката. Фестивалот отвора со победникот на годинашното издание на фестивалот во Карлови Вари, „Таткото“ на бугарскиот тандем Катерина Грозева и Петар Валчанов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира