СТРУМИЦА Е ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2021

    СТРУМИЦА Е ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2021Договорот вчера го потпишаа министерката за култура Ирена Стефоска и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски. (Фото: Министерство за култура)

    Струмица годинава е Град на културата, соопшти Министерството за култура, додавајќи дека на конкурсот за организирање на оваа манифестација се пријавиле и Тетово, Кавадарци, Велес и Дебар.

    Според Министертсвото, Струмица има богата и разновидна програма и буџетот проектиран со висок процент на самофинансирање.

    „Како особено важен сегмент во изборот на Општина Струмица беше посочен и фактот што од вкупниот предвиден буџет за реализација на програмата во висина од 15 милиони и 150 илјади денари, од Министерството за култура е побарано само 2 милиони и деветстотини и седумдесет илјади денари што претставува 19.6 проценти од вкупно предвидениот буџет. Со тоа, од страна на Општина Струмица ќе бидат покриени останатите финаниски средства во висина од 80.4 проценти, со што во споредба со преостанатите поднесени пријави, Општина Струмица ќе учествува со најголем процент со сопствени финаниски средства за реализација на програмата“, стои во образложението на Комисијата.

    Во изработката на апликацијата биле вклучени сите установи од областа на културата во Струмица: Завод и музеј Струмица, Центарот за култура „Антон Панов“, Библиотеката „Благоја Мучето“, во координација со Општината.

    Манифестацијата Град на културата се реализира од 2004 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира