СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА КРАТКИОТ ФИЛМ „КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО“ НА МАНЧЕВСКИ НА АСПЕН ШОРТФЕСТ

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"САД,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА КРАТКИОТ ФИЛМ „КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО“ НА МАНЧЕВСКИ НА АСПЕН ШОРТФЕСТ

    Новиот експериментален краток филм „Крајот на времето“ на Милчо Манчевски ќе има светска премиера во конкуренцијата за награди на филмскиот фестивал Аспен шортфест 2017 во САД, објави фестивалот. Аспен во Колорадо, што се одржува од 4-9 април, се смета за еден од најреномираните фестивали на краткометражен филм во светот кои се квалификуваат за Оскар.

    Снимен како кубанско-американска копродукција, 6-минутниот „Крајот на времето“ е опишан како експериментален филм „за оној хипнотизирачки миг во еден обичен, скромен вторник кога човек сфаќа дека времето запрело и светот е вшмукан во една единствена насмевка“.

    „’Крајот на времето’ е филм кој може комотно да се претстави во музеј или галерија наместо во кино-сала. Во него продолжувам да ја истражувам крстосницата каде што вистината и прикаската се вкрстуваат, преклопуваат и сукобуваат; овој пат на минималистички начин“, вели Манчевски.

    Филмот е снимен во Сан Антонио де лос бањос на Куба, а постпродукцијата во Њујорк и Македонија. Ова е една од првите американско-кубански копродукции, која започна пред неодамнешното затоплување на односите меѓу двете земји.

    Манчевски беше еден од првите уметници од САД што беа вклучени во културната дипломатија, тој беше ангажиран за професор на Државната филмска академија во Хавана, предаваше на постдипломците по филмска режија, меѓународна група студенти од целиот свет, а истовремено го  сними и „Крајот на времето“.

    Македонската Агенција за филм и македонското Министерство за култура не учествуваат во овој проект.

    Директор на фотографија е Ален Лопез Мартинез, монтажер Кристина Поженел, автор на музиката и тонскиот дизајн е Игор Василев Новоградска, визуелните ефекти се на Мишо Ристов и Рекс, а колор грејдингот на Мајкл Двас.

    Долгометражните филмови на Манчевски се добитници на бројни меѓународни награди, меѓу кои и Златниот лав во Венеција, номинација за Оскар, Давид ди Донатело, Златна бубачка, ФИПРЕСЦИ, УНЕСКО. Неговите кратки форми исто така имаат добиено награда на Ем-Ти-Ви за видео, награди за експриментален филм, награди за спотовите „Македонија вечна“. „Њујорк тајмс“ го вброи неговиот филм „Пред дождот“ во 1.000 најдобри филмови на сите времиња. Манчевски има режирано и на серијата „Жица“ (The Wire) за Ејч-Би-О.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира