ТАМАРА КОТЕВСКА ВО КРЕАЦИЈА НА ЊУЈОРШКИOT ДИЗАЈНЕР МАРК БОУЕР НА ОСКАРИТЕ

    ТАМАРА КОТЕВСКА ВО КРЕАЦИЈА НА ЊУЈОРШКИOT ДИЗАЈНЕР МАРК БОУЕР НА ОСКАРИТЕФустанот на Марк Боуер е со асиметрични ракави, во боја на слива, изработен од креп жерсе.(Фото: Фејсбук)

    Македонската режисерка Тамара Котевска носи креација на дизајнерот Марк Боуер од Њујорк на вечерашното доделување на Оскарите. Котевска и Љубо Стефанов се режисери на документарецот „Медена земја“ кој е номиниран во две категории: најдобар документарен филм и најдобар странски филм.

    Фустанот е со асиметрични ракави, во боја на слива е изработен од креп жерсе. Боуер важи за еден од најангажираните дизајнери чии креации често ги носат ѕвездите на црвените килими во Холивуд.

    Тамара Котевска пред почетокот на Оскарите. (Фото: Фејсбук)

    Освен Котевска, целата екипа заедно со хероината Атиџе Муратова е облечена во креации на Тања Кокев.

    „Со нетрпение го очекувам црвениот килим и мојата омилена Атиџе во Кокев. Ви благодарам на безрезервната доверба медењаци што ми дозволивте да ве стокмам.  Тамара Котевска сепак се одлучи за дизајн, кој не е креација на Кокев. Ви ја посакувам сета среќа на светов и вратете ни се со Оскар“, напиша Кокев на Фејбсук.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари