ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ, КАДЕ Е НАЈВАЖЕН МАЛИОТ ГЛЕДАЧ, ПРОСЛАВИ 30 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО

    ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ, КАДЕ Е НАЈВАЖЕН МАЛИОТ ГЛЕДАЧ, ПРОСЛАВИ 30 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТОДиректорката на ТДМ Катарина Илиевска-Силјановска со актерот Мартин Јорданоски на денешната прослава на јубилејот која се одржа според протоколите за заштита од ковид-19. (Фото: МИА)

    Со промоција на монографијата „Сон што трае“, Театарот за деца и младинци (ТДМ) денес на отворено зад Музејот на современа уметност (МСУ) ја прослави 30-годишнината од основањето. Роденденот на театарот е на 25 март, но прославата беше одложена поради коронакризата.

    Монографијата ја подготви новинарот и театарски критичар Тодор Кузманов, а како што рече на промоцијата театарологот Ана Стојаноска, монографијата поетично насловена „Сон што трае“ ја има задачата на стотина страници да ги зачува сите претстави, актери, режисери, сценографи, костимографи, кореографи, награди и гостувања, целиот персонал, како и својата публика.

    Театарот е формиран во 1990 на иницијатива на Љубомир Чадиковски, кој беше и долгогодишен директор на оваа омилена културна институција за сите возрасти. Првата претстава е одиграна на 25 март, „Чудовиштата од нашиот град“, по текст на Русомир Богдановски, а во режија на Коле Ангеловски.

    Чадиковски и Ангеловски не дојдоа од оправдани причини на настанот на која сите поранешни и сегашни вработени добија благодарници. – Драматургот и професор Русомир Богдановски. (Фото: МИА)

    „Во овие три децени постоење, направивме осумдесет претстави. Едуциравме бројни генерации љубители на театарската уметност. Децата се толку внимателна и вистински искрена публика што дури и кога глумиш негативец, ламја или вештерка, тие ќе бидат комплетно отворени со тебе. Најважното нешто. Мислењето на малиот гледач најчесто е без грешка, прецизно и со многу емоции“, вели директорката на ТДМ, Катарина Илиевска-Силјановска.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира