ТЕОНА МИТЕВСКА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕЖИСЕРКИ НА ФЕСТИВАЛОТ ВО СИДНЕЈ

    ТЕОНА МИТЕВСКА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕЖИСЕРКИ НА ФЕСТИВАЛОТ ВО СИДНЕЈРежисерката Теона Стругар Митевска со актерската екипа на нејзиниот последен филм „Кога денот немаше име“ пред светската премиера на Берлинале во февруари (Фото: Гети имиџис)

    Режисерката Теона Стругар Митевска учествува на конференцијата Европски гласови од 10 жени режисери на филмскиот фестивал во Сиднеј од 7 до 18 јуни. На фестивалот ќе игра и нејзиниот последен филм „Кога денот немаше име“, како дел од истоимената програма.

    Програмата Европски гласови од 10 жени режисери на филмскиот фестивал во Сиднеј е поддржана од филмското списание „Скрин интернешенал“

    Конференцијата е со фокус на новите визии на жени режисери од Европа.

    Четвртиот филм на Митевска „Кога денот немаше име“, инспириран од убиствата кај Смилковско Езеро во 2012, што имаше светска премиера на Берлинале во програмата Панорама, во јули ќе игра и на фестивалот во Ерусалим.

    Како што соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“, филмот е продаден за кино, видео и дигитална дистрибуција во Сингапур, Малезија, Виетнам, Камбоџа, Лаос, Индонезија, Филипини, Источен Тимор, а во тек се преговори за европската дистрибуција по проекцијата на филмскиот маркет на фестивалот во Кан минатиот месец.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари