ТРИУМФ НА БОСАНСКИОТ ФИЛМ ЗА СРЕБРЕНИЦА „КВО ВАДИС, АИДА?“ НА ЕВРОПСКИТЕ ОСКАРИ

    ТРИУМФ НА БОСАНСКИОТ ФИЛМ ЗА СРЕБРЕНИЦА „КВО ВАДИС, АИДА?“ НА ЕВРОПСКИТЕ ОСКАРИ„Кво вадис, Аида?“ е најдобар европски филм во 2021, Јасмила Жбаниќ најдобра режисерка, а Јасна Ѓуричиќ најдобра актерка; - Од церемонијата во Берлин. (Фото: ЕФА)

    Европската награда за најдобар филм во 2021 ја доби „Кво вадис, Аида?“ на босанската режисерка Јасмила Жбаниќ, која е наградена и за најдобра режија, а Јасна Ѓуричиќ е прогласена за најдобра актерка. Филмот е за масакрот во Сребреница, а Јасмила Жбаниќ ја доби наградата за најдобра режија во конкуренција со Флоријан Целер („Татко“), Паоло Сорентино („Тоа беше божја рака“), Раду Жуд („Со среќа дупење или улаво порно“ ) и Жулија Дукурно („Титан“) .

    Жбаниќ ја посвети наградата на сите жени и мајки од Сребреница.

    „Тие најдоа начин да изградат мир во уништена земја. Жените секогаш наоѓаат начин да го поправат нередот што го прават мажите. Се надевам дека оваа награда ќе ги мотивира жените кои снимаат филмови, но и женски приказни. Ние како филмаџии имаме одговорност да ѝ ја дадеме на публиката вистината. Можеби е тешко и неисплатливо, но тоа е наша должност. Ви благодарам многу“, рече Жбаниќ.

    Наградата за најдобар актер ја освои Ентони Хопкинс за улогата во „Татко“, а за истиоТ филм наградени за најдобро сценарио се Кристофер Хемптон и Флоријан Целер.

    Данскиот анимиран документарец „Бегање“ на Јонас Поер Расмусен е најдобар европски документарец и анимиран филм, а легендарнара унгарска режисерка Марта Месарош доби награда за животно дело. Најдобра европска комедија е норвешкиот „Нинџабејби“ на Све Флике. Наградата на критиката При ФИПРЕСЦИ ја освои „Надежна млада жена“ на Емералд Фенел.

    Годинава, наградите за најдобар европски филм што ги доделува Европската филмска академија (ЕФА) се доделија во Берлин, но победниците беа вклучени во различни дигитални формати, поради состојба со коронавирусот во градот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира