Четири ренесансни уметнички дела се украдени вчера од музејот MuMe во Месина, Сицилија, меѓу кои три панели од „Полиптихот на Сан Грегорио“ од 1473 година, дело на познатиот сицилијански сликар Антонело да Месина. Украдена е и двостраната „Оплакување“, која прикажува Богородица и мртвиот Христос.
Крадците ги извадиле сите пет панели од полиптихот, но два оставиле при бегството. Според експертски проценки, вредноста на украдените дела изнесува меѓу 70 и 80 милиони евра.
Кражбата се случила нешто пред 22 часот, за време на прославите на Ферагосто во Месина. Иако музејот имал активни аларми и чувари, сторителите успеале да ги заобиколат безбедносните мерки.
Директорката на музејот Мариса Меркурио рече дека кражбата е огромна загуба за Месина, за музејот и за светот на уметноста. Експертите сметаат дека делата тешко би можеле да бидат продадени легално бидејќи се исклучително познати и препознатливи.
Италијанските власти започнаа истрага, а музејот е затворен. Кражбата се случува само неколку дена откако италијанската полиција во Парма пронајде украдени дела од Реноар, Сезан и Матис, вредни околу 10 милиони евра.



