ВЕНЕЦИЈА ОТВОРА СО ЦРНАТА КОМЕДИЈА „ШУШТЕЊЕ“ НА НОА БАУМБАХ

    ВЕНЕЦИЈА ОТВОРА СО ЦРНАТА КОМЕДИЈА „ШУШТЕЊЕ“ НА НОА БАУМБАХФилмот е адаптација на романот на Дон ДеЛило, а игра Адам Драјвер. (Фото: Венеција ФФ)

    Црната комедија „Шуштење“ (White Noise) на Ноа Баумбах, адаптација на романот на Дон ДеЛило од 1985, со Грета Гервиг, Адам Драјвер и Џоди Тарнер-Смит, ќе го отвори претстојниот филмски фестивал во Венеција. „Шуштење“ ќе има светска премиера во конкуренцијата за Златен лав на 31 август, а ова е првпат кога оригинален филм на Нетфликс го отвора фестивалот.

    Баумбах последен пат беше на Лидо со „Брачна приказна“, исто така на Нетфликс, кој играше на фестивалот во 2019.

    „Голема чест е да се отвори 79. Филмски фестивал во Венеција со „Шуштење“, рече директорот на Венеција Алберто Барбера.

    Барбера, кој обично го најавува отворањето на Венеција порано, додаде дека „вредеше да се чека за со сигурност да се знае дека филмот е завршен“.

    Барбера на прес-конференција утре во 11 часот ќе ја соопшти целосната селекција за годинешното издание на фестивалот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира