ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ВО СТОБИ ИМАЛО 10 ИЛЈАДИ ПОСЕТИТЕЛИ, ПОВЕЌЕ ДОМАШНИ ОТКОЛКУ СТРАНЦИ

    ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ВО СТОБИ ИМАЛО 10 ИЛЈАДИ ПОСЕТИТЕЛИ, ПОВЕЌЕ ДОМАШНИ ОТКОЛКУ СТРАНЦИЛани најбројни биле Холанѓаните, годинава се Американците (Фото: НУ Стоби)

    Во првите шест месеци од годинава археолошкиот локалитет Стоби го посетиле 10 илјади туристи, повеќето домашни, најчесто ученици во рамките на организирани екскурзии. Тоа е половина од посетеноста од ланската година, која беше рекордна. Бидејќи ова се бројки за половина година, раководството на НУ Стоби очекува дека годинава посетители ќе има рекордно, бидејќи во тек е сезоната на годишни одмори, кога покрај локалитетот, на автопатот минуваат илјадници, пред сѐ странски туристи, кои се најчести гости во овој период од годината. Ако лани најбројни биле Холанѓаните, годинава се Американците.

    „Археолошкиот локалитет Стоби во првите шест месеци го посетиле вкупно 10.312 туристи од кои домашни 6.312 и странски 4.000 од Америка, Италија, Србија, Словенија, Полска, Чешка, Јапонија, Германија“, вели директорот Спасе Перовски.

    Туристите кои го посетители локалитетот најголем интерес посветувале на Античкиот театар, Епископската базилика и нејзиниот мозаик, Теодосијанската палата, храмот на Изида, градбата со арки.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари