„ЗЕД“ НА ХАЗАНАВИЦИУС ГО ОТВОРА 75. КАНСКИ ФЕСТИВАЛ, МНОГУ ПОРАНЕШНИ ДОБИТНИЦИ ПАК ВО ТРКА ЗА ЗЛАТНАТА ПАЛМА

    „ЗЕД“ НА ХАЗАНАВИЦИУС ГО ОТВОРА 75. КАНСКИ ФЕСТИВАЛ, МНОГУ ПОРАНЕШНИ ДОБИТНИЦИ ПАК ВО ТРКА ЗА ЗЛАТНАТА ПАЛМАСелекцијата на 75. издание денеска ја открија претседателот Пјер Лескур и уметничкиот директор Тиери Фремо. (Фото: АП)

    Новите филмови на Дејвид Кроненберг, Али Абаси, Клер Денис, Парк Чан-вок, Кристијан Мунџиу, Кели Рајхард, се меѓу кандидатите за престижната Златна палма на годинешниот Кански филски фестивал, чија селекција денеска ја открија претседателот Пјер Лескур и уметничкиот директор Тиери Фремо. Годинешното 75-то издание на фестивалот ќе се одржи од 17 до 28 мај. Тија ги претставија филмовите во главната конкуренција и во програмата Извесен поглед, и вон конкуренција.

    „Зед“ од францускиот режисер Мишел Хазанавициус, авторот на оскаровецот „Уметникот“, ќе го отвори годинешниот фестивал на 17 мај.

    Јапонскиот добитник на Златна палма за 2018, Хироказу Коре-еда, (победи со „Крадци“) се враќа во Кан со „Брокер“, филм на корејски јазик во играат корејски ѕвезди од А-листата. Рубен Остлунд, кој освои Златна палма за „Плоштад“, сега доаѓа со најновата општестевна сатира „Триаголник на тагата“. Во конкуренција се враќаат и двократните добитници на Златната палма, Жан-Пјер и Лик Дараден („Розета“, „Детето“) со „Тори и Локита“. Белгискиот автор Лукас Донт, кој се проби со трансродовата драма „Девојка“ во 2018, ќе дебитира во канската селекција со „Блиску“. Во конкуренцијата се и новите филмови на Марио Матроне, Валерија Бруни-Тедески и Кирил Серебреников.

    Вон конкуренција ќе играат „Три илјади години копнеж“ од режисерот на „Лудиот Макс“ Џорџ Милер, со Идрис Елба и Тилда Свинтон, светска премиера ќе има и „Елвис“ на Баз Лурман, со Остин Батлер како кралот на рокенролот, Оливија ДеЈонге како Присила Присли и Том Хенкс како музичкиот менаџер, полковникот Том Паркер.

    Специјална проекција ќе има и „Природонаучна историја на уништувањето“ на украинскиот режисер Сергеј Лозница, документирање на воените разорувања во земјата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира