Данската режисерка Мај ел-Тухи го освои Златниот лав на Филмскиот фестивал во Венеција, за нејзиниот филм „Непозната жена“, а Матилде Арсел ја освои наградата за најдобра актерка за улогата во овој филм.
Втората најважна награда на фестивалот, Гран при на жирито, ја доби „Можна љубов“ од Ли Чанг-донг ја доби и наградата на меѓународната филмска критика ФИПРЕСЦИ. Документарниот филм „Наза“ од Јувал Абрахам и Рејчел Зор, за израелските убивања на цивили во нападите на Појасот Газа, ја доби Специјалната награда на жирито.
Ел-Тухи е само осмата жена во историјата на фестивалот што го освоила Златниот лав. Од 21 филм во овогодишната конкуренција, само два беа режирани од жени, што претседателката на жирито, Меги Џиленхол, го опиша како структурен проблем.
Историската драма „Непозната жена“ ја раскажува приказната за младата Данкиња Мари, која набрзо по Втората светска војна треба да се омажи за својот богат работодавач. Но, нејзиниот социјален подем е загрозен од една тајна: за време на окупацијата, таа имала љубовна врска со германски војник. Во повоениот период одбележан со одмазда, таа сега ризикува сè за да го заштити од разоткривање животот што макотрпно го изградила.
Во меѓувреме, американскиот актер Џон Малкович беше прогласен за најдобар актер за филмот „Див коњ девет“ (Wild Horse Nine). Илја Хржановски, кој е со руско потекло, ја доби наградата за најдобар режисер за филмот „Дау“. Режисерот и сценарист Стефан Бризе e награден за најдобро сценарио за филмот „Добар мал војник“, заедно со Корали Амедео и Оливие Горс.



