„Џокер“ на американскиот режисер Тод Филипс со Хоaкин Феникс во главната улога освои Златен лав на 76. Венециски филмски фестивал. Гран при на жирито на чело на аргентинската режисерка Лукреција Мартел доби филмот „Обвинувам“ на Роман Полански, а наградата ја прими неговата сопруга Емануел Сење.
„Џокер“ и „Обвинувам“ важеа за фаворити од почетокот на фестивалот, и добиваа одлични рецензии од критичарите.
Сребрен лав за најдобар режисер доби шведскиот автор Рој Андерсон за „За бесконечното“.
Лука Маринели е прогласен за најдобар актер за улогата во „Мартин Идн“ на Пјетро Маричели. Тој ја посвети наградата на сите морнари кои спасуваат животи на бегалците.
Најдобра актерка е Аријан Аскарид за „Глорија мунди“ на Робер Гедигијан. Таа ја посвети наградата на сите души на удавените бегалци кои останаа на дното на Медитеранот, и кажа дека и самата е дете на бегалци кои се доселиле во Франција.
Специјална награда на жирито доби „Мафијата веќе не е тоа што беше“ на Франко Мареско.