ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ НА СВП ЗА ПОЛСКИОТ ПОЕТ ЗАГАЈЕВСКИ

    ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ НА СВП ЗА ПОЛСКИОТ ПОЕТ ЗАГАЈЕВСКИ„Поетите се комплицирани луѓе, но не е точно дека исто така немаат сосема обични, човечки емоции. Затоа нема да кријам: оваа награда претставува огромна чест за мене“.- Адан Загајевск, годинашен добитник на Златниот венец на СВП

    Адам Загајевски, еден од најзначајните современи полски и светски поети е годинашен добитник на Златен венец на 57. Струшки вечери на поезијата (СВП).

    Загајевски автор е на тринаесет поетски книги, неколку романи и книги есеи, преведуван е на многу јазици и добитник е на некои од национални и интернационални награди.

    Претседателката на Управниот одбор на СВП, професорката Елизабета Шелева на денешниот прес рече дека во поезијата на Загајевски, историјата и политиката играат значајна улога, при што историскиот контекст е неодвоив од неговите песни.

    „Загајевски пишува за Лвов, Краков и Париз, за градовите од детството, за митските места од неговиот живот како и за заканите на нашата цивилизација врз духовниот живот. Неговите песни не се декларативни, како тие на неговите современици, туку речиси тајни, полни со болката и привилегијата на тајноста. Неговата поезија е потрага по неповратно изгубеното, изминатото, обид тоа да се повторно да вообличи низ сеќавањето. Песните понекогаш се полни со изострен хумор, со неговите ставови и дијагнози со суптилна иронија и горчлив цинизам“, рече меѓудругото Шелева.

    Во писмото испратено до СВП, лауретатот се заблагодарува на поетите од Македонија и се радува оти и тој ќе фигурура помеѓу поетите на кои им се воодушевува, на кои поетите , како што вели тој, не им е достоен.

    „За среќа никој сам не си доделува награди и мораме да им веруваме на тие кои пишуваат до нас добри зборови.

    Никогаш досега не сум бил во Струга – но не треба да се биде таму физички, за да се знае легендата за тој фестивал и таа награда, за да се знае колку посебна е листата на одликувани поети. Исто така, очигледно е дека тука нема место за политички критериуми, се смета само убавата поетска уметност.

    Поетите се комплицирани луѓе, но не е точно дека исто така немаат сосема обични, човечки емоции. Затоа нема да кријам: оваа награда претставува огромна чест за мене“, додава Загајевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира