30.000 ШИШИЊА ВИНО ВРЕДНИ ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА УКРАДЕНИ ОД ВИНАРИЈА ВО ИТАЛИЈА

    30.000 ШИШИЊА ВИНО ВРЕДНИ ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА УКРАДЕНИ ОД ВИНАРИЈА ВО ИТАЛИЈАУкрадените вина имаат цена од 150 до 500 евра по шише (Фото: Фејсбук)

    Триесет илјади шишиња вино со вкупна вредност од околу пет милиони евра се украдени од престижна италијанска винарија.

    Од „Маркези Антинори“, една од најголемите италијански семејни винарии, соопштија дека кражбата во нивниот магацин во Тоскана се случила додека компанијата се подготвувала да испрати пратка до клиенти во странство. Се верува дека најмалку седум маскирани лица ги исклучиле алармите и камерите, а потоа со виљушкари на компанијата натовариле два големи камиона со црвено вино.

    „Кражба од вакви размери и вредност сигурно никогаш претходно не се случила во Италија. Два камиона полни со стока не можат туку-така да исчезнат без трага. Патиштата во Тоскана се полни со камери. Можеби со малку среќа ќе успееме да вратиме барем дел од украдените шишиња. Овие вина имаат голема вредност и не знам како би можеле да го продадат целото ова вино низ светот, а да не бидат забележани“, рече Ренцо Котарела, извршниот директор на „Маркези Антинори“.

    Украдените вина имаат цена од 150 до 500 евра по шише.

    „Маркези Антинори“ е основана во 1385 година и извезува во 170 земји. Минатата година остварила приход од 263 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира