50 ГОДИНИ „БОИНГ 747“, ЏАМБО АВИОНОТ КОЈ ЗАСЕКОГАШ ГО СМЕНИ ВОЗДУШНИОТ СООБРАЌАЈ

    50 ГОДИНИ „БОИНГ 747“, ЏАМБО АВИОНОТ КОЈ ЗАСЕКОГАШ ГО СМЕНИ ВОЗДУШНИОТ СООБРАЌАЈ„Боинг 747“ на Луфтханза поминува покрај „фокер 100“ на првата македонска авиокомпанија Палер Македонија на аеродромот Франкфурт во 1994 година (арховска фотографија - извор: airliners.net)

    Тој можеби полека исчезнува од аеродромските писти, но „боинг 747“ засекогаш ќе биде легендарен симбол на авијацијата.

    „Кралицата на небото“ првпат полета на 9 февруари пред точно 50 години, со ветување дека ќе го трансформира и демократизира воздушниот сообраќај, нудејќи им на патниците од прва класа до тогаш незамислив луксуз и повеќе седишта во економската класа од кој било друг авион.

    Џамбо џет веќе не е најголемиот патнички авион, но кога се појави пред половина век, тој го воодушеви светот со својата големина, бидејќи имаше два и пол пати поголем капацитет од своите претходници, нудејќи место за повеќе од 400 патници.

    Во развојот и изградбата на ‘747‘ биле вложени 6,8 милијарди долари, според денешна вредност

    Џо Сатер и неговиот тим од 4.500 луѓе го дизајнираа и изградија „747“ за да биде и товарен и патнички авион. „Боинг“ падна во долгови и ги загрижи банките од кои позајми пари, откако на 50.000 работници им постави тешка задача да го направат авионот за помалку од 16 месеци. За да го изгради, „Боинг“ мораше да конструира и посебен погон во Еверет, близу Сиетл, кој чинел 200 милиони долари (1,4 милијарди во денешни пари). Севкупно, во развојот и изградбата на ‘747‘ биле вложени 6,8 милијарди долари, според денешна вредност.

    „Не се сомневав дека ‘747‘ ќе лета, но прашање беше колку добро“, кажа Сатер.

    „Боинг 747“ на својот прв пробен лет на 9 февруари 1969 година (Фото: Сиетл тајмс)

    Тој беше поздравен од стотици луѓе, кога по 75-минутен успешен пробен лет слета на Пејн Филд и наредниот ден се најде на насловната страница на „Сиетл тајмс“.

    Оттогаш, „Боинг“ има произведено 1.548 авиони „747“, кои имаат превезено 5,9 милијарди луѓе, што е речиси 80% од светската популација. Вкупно имаат поминато 121,5 милијарди километри, што е рамно на 137.293 летови од Земјата до Месечината.

    Успехот на ‘747‘ беше толку голем што тој стана синоним за меѓународни летови. Денес се во служба главно моделите „747-400 и новите 747-800“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари