60 МИЛИОНИ ТЕГЛИЧКИ КРЕМ „БЕКУТАН“ СЕ ПРОИЗВЕДЕНИ ЗА 45 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА БРЕНДОТ ЗА ДЕЦА НА „АЛКАЛОИД“

    60 МИЛИОНИ ТЕГЛИЧКИ КРЕМ „БЕКУТАН“ СЕ ПРОИЗВЕДЕНИ ЗА 45 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА БРЕНДОТ ЗА ДЕЦА НА „АЛКАЛОИД“Макетов вели дека е горд што со „Бекутан“ растеа и растат генерации кај нас, но и на фактот што брендот континуирано расте во регионот.

    Фармацевтската компанија „Алкалоид“ денеска одбележа 45 години постоење на еден од нивните најпрепознатливи брендови, колекцијата производи за деца „Бекутан“.

    Менаџерот на компанијата Живко Мукаетов рече дека е голема чест да се прослави ваков голем јубилеј и е горд што со „Бекутан“ растеа и растат генерации кај нас, но и на фактот што брендот континуирано расте во регионот.

    „Денеска би сакал да ви се обратам не како човек кој е менаџер во компанијата, туку како човек кој е родител и татко на четири деца. Моите родители го користеа ‘Бекутан‘, јас и мојата сестра го користиме ‘Бекутан‘, јас и мојата сопруга го користиме овој производ. Од 1978 година, откако постои кремчето ‘Бекутан‘, досега се произведени повеќе од 60 милиони теглички, што е уште еден доказ за квалитетот и традицијата. Уште еден доказ дека тоа е производ на кој може апсолутно да му се верува“, кажа Мукаетов.

    Силвија Брајовиќ од СОС Детското село, рече дека со „Бекутан“ сите изминати години растат и се негуваат децата од селото.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира