90-ГОДИШНАТА ЛЕГЕНДА НА „ЅВЕЗДЕНИ ПАТЕКИ“, ВИЛИЈАМ ШАТНЕР, СТАНА НАЈСТАРИОТ ЧОВЕК ВО ВСЕЛЕНАТА

    90-ГОДИШНАТА ЛЕГЕНДА НА „ЅВЕЗДЕНИ ПАТЕКИ“, ВИЛИЈАМ ШАТНЕР, СТАНА НАЈСТАРИОТ ЧОВЕК ВО ВСЕЛЕНАТАШатнер полета со ракетата „њу шепард“ заедно со уште тројца патници (Фото: АП)

    Холивудскиот актер и легенда на серијалот „Ѕвездени патеки“, Вилијам Шатнер, стана најстарата личност во вселената откако беше дел од екипажот на вториот комерцијален лет на компанијата на Џеф Безос, „Блу ориџин“. Деведесетгодишниот Шатнер полета со ракетата „њу шепард“ заедно со уште тројца патници.

    Нивното патување до работ на вселената траеше вкупно десет минути, по што успешно се приземјија.

    „Секој на светот би требало да го направи ова. Беше неверојатно, неописиво“, му кажа Шатнер на Безос по слетувањето.

    На летот во целосно автоматизираната капсула тие имале можност да ја почувствуваат бестежинската состојба, патувајќи околу 100 километри над површината на Земјата.

    Шатнер го играше капетанот Џејмс Т. Кирк во оригиналната серија „Ѕвездени патеки“ во 1960-ите и потоа ја повтори улогата во седум филмови.

    „Блу ориџин“ го изведе првиот комерцијален лет во вселената во јули, кога меѓу патниците беше 82-годишна несудена астронаутка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира