АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ГИ ПРАВИ ЛУЃЕТО ПОГЛУПИ, ПОКАЖА НОВО КИНЕСКО ИСТРАЖУВАЊЕ

    АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ГИ ПРАВИ ЛУЃЕТО ПОГЛУПИ, ПОКАЖА НОВО КИНЕСКО ИСТРАЖУВАЊЕПовеќе од 80% од светската урбана популација живее во услови на небезбедно ниво на загаден воздух (Фото: ЕПА)

    Хроничната изложеност на загаден воздух е поштетно за здравјето отколку што се мисли, покажа едно ново истражување и дури има значително влијание врз нашите когнитивни способности.

    Проучувајќи ги математичките и вербалните вештини на 32.000 луѓе за период од четири години, кинеските истражувачи, заедно со своите колеги од универзитетот Јејл во САД, заклучиле дека негативното влијание се зголемува со возраста, а најпогодени се мажи со ниско образование.

    Тие сметаат дека оваа студија може да има глобална вредност, бидејќи повеќе од 80% од светската урбана популација вдишува небезбедно ниво на загаден воздух.

    Опишано како невидлив убиец, аерозагадувањето е одговорно за седум милиони предвремени смртни случаи низ светот годишно.

    „Ние даваме доказ дека ефектите на аерозагадувањето врз вербалните тестови стануваат поизразени како што луѓето се постари, особено кај мажи и оние со помало образование“, се вели во студијата објавена од Националната академија на науки.

    Загадувањето исто така го зголемува ризикот од дегенеративни болести, како Алцхајмерова и други облици на деменција.

    И некои претходни студии покажаа дека загадениот воздух лошо влијае врз когнитивните способности.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира