АКЦИЈА ЕЛКА НА ХУМАНОСТА ЗА СОБИРАЊЕ НОВОГОДИШНИ ПОДАРОЦИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА ВО СИТИ МОЛ

    АКЦИЈА ЕЛКА НА ХУМАНОСТА ЗА СОБИРАЊЕ НОВОГОДИШНИ ПОДАРОЦИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА ВО СИТИ МОЛНа вториот кат од трговскиот центар Сити мол поставени се 12 новогодишни елки, а секој од 12-те медиуми има избрано семејство за кое ќе бидат наменети подароците (Фото: СДК.МК)

    Дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК е меѓу 12-те медиуми кои од денеска ја почнаа големата новогодишна хуманитарна акција Елка на хуманоста, со која се собираат подароци и донации за децата од 12 социјално загрозени семејства од целава земја.

    САКАМДАКАЖАМ.МК ќе ги донира подароците на семејство од Куманово, невработена самохрана мајка жртва на семејно насилство со 3 деца, девојче на 4 години, и две машки на 2 и 7 години (Фото: СДК.МК)

    На вториот кат од трговскиот центар Сити мол поставени се 12 новогодишни елки, по една за секој медиум, а секој медиум има избрано семејство за кое ќе бидат наменети подароците. Пред секоја елка има податоци за колку деца станува збор од социјално загрозеното семејство и на која возраст се, што ќе им олесни на посетителите околу изборот за новогодишни подароци кои би ги донирале. Задолжените волонтери во кампањата ќе бидат достапни за преземањето на подароците и дополнителни информации околу кампањата.

    Во акцијата учествуваат редакциите МКД.МК, Женски магазин, Фактор, Риборн, МакМода, Оффнет, А1он, Емагазин и Сити радио.

    САКАМДАКАЖАМ.МК ќе ги донира подароците на семејство од Куманово, невработена самохрана мајка жртва на семејно насилство со 3 деца, девојче на 4 години, и две машки на 2 и 7 години.

    Акцијата ќе трае до 4 јануари 2018, а пред Бадник и Божик, медиумите ќе ги посетат домовите на овие 12 семејства и ќе им ги врачат подароците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира