АЛАТКАТА НА „ГУГЛ“ ЗА МЕРЕЊЕ НА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ДОСТАПНА И ВО ЕВРОПА

    АЛАТКАТА НА „ГУГЛ“ ЗА МЕРЕЊЕ НА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ДОСТАПНА И ВО ЕВРОПАСкопје во некои месеци редовно е меѓу најзагадените градови во Европа (Фото: СДК.МК)

    Алатка на „Гугл“ која го мери загадувањето на воздухот во градовите наскоро ќе биде достапна и во Европа.

    Таа досега се користеше само во САД и „Гугл“ во прв момент ќе ја понуди на Бирмингем, Манчестер, Вулверхемптон, Ковентри, Даблин и Копенхаген, а потоа секој град ќе може да се пријави себеси преку онлајн формулар. Наречена „Environmental Insights Explorer“ (ЕИЕ), таа нуди податоци за четири категории: загадувањето од згради, загадувањето од сообраќај, општо загадување и сончев потенцијал.

    Алатката е дизајнирана за да им помогне на градовите да видат какви промени би можеле да направат за да го намалат аерозагадувањето, како креирање повеќе велосипедски патеки и инсталирање соларни панели на згради.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари