АМЕРИКАНЕЦ ЕДВАЈ ГО ПРЕЖИВЕАЛ КОВИД-19, ПА ДОБИЛ СМЕТКА ЗА ЛЕКУВАЊЕТО ОД 1,1 МИЛИОН ДОЛАРИ

    АМЕРИКАНЕЦ ЕДВАЈ ГО ПРЕЖИВЕАЛ КОВИД-19, ПА ДОБИЛ СМЕТКА ЗА ЛЕКУВАЊЕТО ОД 1,1 МИЛИОН ДОЛАРИМајкл Флор лежел во болница во 62 дена и поголемиот дел од времето бил во бессознание (Фото: Сиетл тајмс)

    Седумдесетгодишниот Американец Мајкл Флор добил сметка за болничко лекување од повеќе од еден милион долари откако едвај го преживеал КОВИД-19.

    Флор бил толку блиску до умирање што медицинските сестри држеле телефон до негово уво за да може неговото семејство да се прости од него и сега вели дека срцето речиси по вторпат му запрело откако ја добил сметката за лекувањето.

    Таа изнесувала 1,122 милиони долари и сите трошоци биле објаснети во мала книга од 181 страница. Бидејќи има здравствено осигурување, Флор нема да плати најголем дел од сметката, а можеби и ништо, зашто се лекувал токму од КОВИД-19. Тој лежел во болница во Сиетл 62 дена и поголемиот дел од времето бил во бессознание.

    Според сметката што ја добил, еден ден поминат на интензивна нега чини 9.736 долари, а бидејќи 42 дена поминал во изолирана просторија, вкупната цена изнесува 408.912 долари.

    На респиратор бил приклучен 29 дена, што чини 2.835 долари на ден, а во неговиот случај, вкупно 82.215 долари. Околу една четвртина од сметката отпаѓа на лековите.

    Милион долари се потрошени за да се спаси мојот живот. Ако ме прашате мене, тоа се добро потрошени пари. Сега се чувствувам малку виновно што преживеав. Често се прашувам ‘зошто јас, како сум го заслужил ова?‘, особено кога ќе ја погледнам оваа неверојатна сметка“, изјави Флор за весникот „Сиетл тајмс“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира