АМЕРИКАНСКИ РАПЕР СОБИРА СРЕДСТВА ЗА САТЕЛИТ ЗА ДА ДОКАЖЕ ДЕКА ЗЕМЈАТА Е РАМНА

    АМЕРИКАНСКИ РАПЕР СОБИРА СРЕДСТВА ЗА САТЕЛИТ ЗА ДА ДОКАЖЕ ДЕКА ЗЕМЈАТА Е РАМНАЦелта му е да пронајде заобленост на Земјата. - Боби Реј Симонс

    Американскиот рапер Б.о.Б. покрена кампања за собирање средства, со кои планира да докаже една од најконтроверзните тези на денешнината: дека Земјата е рамна плоча.

    Музичарот, чие вистинско име е Боби Реј Симонс, е еден од најгласните заговорници на оваа теорија, но сега реши да отиде и чекор подалеку: тој сака да лансира сателит за да ги докаже своите тврдења.

    За таа цел, тој се надева дека ќе собере 200.000 долари преку сајтот Гоуфандми.

    „Покренав кампања, затоа што сакам да пратам не еден, туку повеќе сателити колку што е можно подлабоко во вселената. Целта е да пронајдеме заобленост“, изјави Симонс.

    Неговите истомисленици сметаат дека доколку Земјата е тркалезна, заобленоста би била повидлива за човечкото око. Некои одат до таму што тврдат дека НАСА има поставено чувари на крајот на светот за да се спречи паѓање на луѓето.

    На оваа тема, Симонс минатата година влезе во дискусија и со реномираниот астрофизичар Нил Деграс Тајсон.

    „Еве ти пет долари за да си докажеш дека си во криво“, напиша еден од „финансиерите“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари