АМСТЕРДАМ ПО СЕДУМ ВЕКОВИ ПРВПАТ ЌЕ ДОБИЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧКА

    АМСТЕРДАМ ПО СЕДУМ ВЕКОВИ ПРВПАТ ЌЕ ДОБИЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАФамке Халсема беше лидер на левичарската партија Грунлинкс, пред да се повлече од политиката во 2011 (Фото: Гети)

    Фемке Халсема ќе биде нов градоначалник на Амстердам, станувајќи прва жена во историјата на градот која била избрана на оваа функција.

    Иако повеќето големи градови во Холандија веќе имаа градоначалничка, Амстердам, исто како и Ротердам, досега не бил воден од жена. Првиот градоначалник на Амстердам бил избран уште во 1343 година.

    „Среќна сум, горда и почестена што ме номинираа за оваа функција“, кажа 52-годишната Халсема, чиј избор треба да биде потврден од владата, а потоа и од кралот, што обично е формалност.

    Халсема, поранешен лидер на левичарската партија Грунлинкс, се повлече од политиката во 2011 година и сега треба да го наследи Еберхард фан дер Лан, кој почина лани.

    Нејзината номинација уследи откако група од 45 угледни Холанѓанки испрати протестно писмо, барајќи на функцијата да дојде жена.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира