Аријана Гранде вети дека ќе се врати во Манчестер по терористичкиот напад од понеделникот за да помине време со нејзините фанови и да одржи добротворен концерт во чест на жртвите и нивните фамилии.
Гранде ја објави нејзината намера во охрабрувачко писмо постирано на интернет повикувајќи ги нејзините фанови да соберат храброст по монструозниот напад, со изрази на длабоки чувства на тага за тие што ги загубиле животите и за фамилиите кои жалат за нивните најблиски.
„Не сакам да ја поминам оваа година без да можам да ги видам, да ги држам и да охрабрам своите фанови на истиот начин како што тие ме поддржуваат мене“, напиша американската тинејџерска поп ѕвезда.
Дваесет и двајца, вклучувајќи и деца загинаа во понеделникот кога бомбаш самоубиец се разнесе пред концертната сала откако Ариjана го заврши концертот во Манчестер во понеделникот вечер. Уште дваесетина завршија со критични повреди во болница.
Таа не прецизираше кога ќе се врати во Манчестер за добротворниот концерт, но објави дека наскоро ќе ги објави сите информации.