БАБА ДЕСПИНА ОД ПРВИОТ ФИЛМ НА БРАЌАТА МАНАКИ ЖИВЕЕЛА ВО ТРИ ВЕКА

    БАБА ДЕСПИНА ОД ПРВИОТ ФИЛМ НА БРАЌАТА МАНАКИ ЖИВЕЕЛА ВО ТРИ ВЕКАБаба Деспина, личноста која е снимена на првиот филм на Милтон и Јанаки Манаки имала 113 години, а филмот бил сниман на почетокот на 20. век, во 1905 (Фото: Кинотека)

    Баба Деспина од Авдела која браќата Манаки ја направија позната и бесмртна снимајќи ја како преде во 1905 живеела во три века. Се смета дека кога првите сниматели на Балканот, Јанаки и Милтон Манаки, го направиле филмскиот кадар од неа таа имала 113 години. Владимир Ангелов, директор на Кинотека на Северна Македонија при вчерашната проекција на првите филмови на Балканот снимени од Манаки рече дека бабата живеела во 18, 19 и 20 век.

    „Можам да ви кажам една приказна: еден странски гостин од претходните години еднаш ми кажа дека баба Деспина, личноста која е снимена на првиот филм на Милтон и Јанаки Манаки имала 113 години, а филмот бил сниман на почетокот на 20. век, во 1905. Тоа значи дека таа е личност која била родена во 18. век, живеела во 20. век и починала во 20. век. Значи имате можност да видите уникатен филмски материјал за време на оваа презентација“, рече Ангелов.

    Од синоќешната проекција на првите филмови на Балканот снимени од браќата Манаки (Фото: ИФФК „Браќа Манаки“)

    Синоќа, со проекција на првите филмови на Балканот снимени од браќата Манаки, како први балкански кинематографери, почна програмата на Кинотеката на Северна Македонија на 40. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Прикажаниот филмски материјал од браќата Манаки беше во траење од околу 50 минути. Во негови рамки беше и кадарот со бабата Деспина снимен во црно-бела техника, без тон во траење од 1 минута на 35 мм филм.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира