БЕГАЛЕЦ ОД СИРИЈА ИЗБРАН ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ГЕРМАНИЈА

    БЕГАЛЕЦ ОД СИРИЈА ИЗБРАН ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ГЕРМАНИЈАРајан Алшебл (29), кој побегна од Сирија во 2015, беше непартиски кандидат за градоначалник. (Фото: ЕПА)

    Сириец е избран за нов градоначалник на селото Остелсхајм во југозападната германска покраина Баден-Виртемберг. Рајан Алшебл (29), кој побегна од Сирија во 2015, беше непартиски кандидат за градоначалник и победи со апсолутно мнозинство од 55,41 отсто од гласовите. Алшебл е веројатно првиот сириски градоначалник на југозападниот дел на Германија.

    Според Асоцијацијата на општини на Баден-Виртемберг, досега немало друг кандидат со сириски корени за градоначалничка функција.

    Во приватниот живот Алшебл е член на Партијата на зелените. Своите искуства во предизборната кампања ги опишува како „главно позитивни“. На локалните избори Алшебл победи двајца непартиски кандидати.

    На 21-годишна возраст, Алшебл побегнал од својот роден град Свеида на југот на Сирија. Тој веќе седум години работи во администрацијата на блиското градско собрание на Алтенгштет. Како градоначалник, Алшебл рече дека сега планира да се пресели во Остелсхајм во областа Калв.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира