БЕЛГИСКИОТ ДИЗАЈНЕР ДРИС ВАН НОТЕН СЕ ПЕНЗИОНИРА СО БЛЕСКАВА РЕВИЈА ВО ПАРИЗ

    БЕЛГИСКИОТ ДИЗАЈНЕР ДРИС ВАН НОТЕН СЕ ПЕНЗИОНИРА СО БЛЕСКАВА РЕВИЈА ВО ПАРИЗЗаминувањето на Дрис ван Нотен означува крај на една ера. (Фото: Гардијан)

    Белгискиот дизајнер Дрис ван Нотен вчера ја одржа својата последна модна ревија на модната недела во Париз, одбележувајќи 38 години и 150 колекции. Белгискиот моден маестро, член на влијателните „Антверпска шесторка“, познат по својата иновативна и неочекувана елеганција, во март година најави дека се пензионира. Неговото заминување означува крај на една ера.

    Познат по својата иновативна употреба на ткаенини и текстури, во последната колекција Ван Нотен покажа многу сјај и диско-изглед. (Фото: Гардијан)

    Последната, 150 ревија се одржа во складиште во Париз, пред диско топка висока 8 метри на чело на неверојатната сребрена писта. Ван Нотен е еден од познатите дизајнери на „Антверпска шесторка“ во која е и Ен Демеулемистер, а сите студирале на Кралската академија за ликовни уметности во Антверпен во раните 1980-ти, и имале важно влијание врз глобалната мода. Неговата кариера, која траеше пет децении од неговата прва линија за машка облека во 1986, беше обележана со спој на познати и непознати елементи, создавајќи чувство на изненадување и поезија во неговите колекции. Тој е почитуван во модната индустрија поради неговата единствена естетика.

    Не е ни чудо што легендите на модата, меѓу кои и Дијана фон Фирстенберг, Том Браун и Пјерпаоло Пичоли, присуствуваа на ревијата за да ја прослават неговата кариера. Последната колекција е блескава, разновиден дисплеј што слободно играше на тема завиткување или изложување. Познат по својата иновативна употреба на ткаенини и текстури, Ван Нотен покажа многу сјај и диско-изглед. Во текот на неговата кариера, Ван Нотен се прославуви со рифување на историски и супкултурни референци. Оваа последна ревија не беше исклучок, беспрекорно интегрирајќи ги влијанијата на диското со неговиот уникатен поглед на модерната родово флуидна мажественост.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира