БЕЗОС И БРЕНСОН НЕ СЕ АСТРОНАУТИ, ВЕЛИ АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА

    БЕЗОС И БРЕНСОН НЕ СЕ АСТРОНАУТИ, ВЕЛИ АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДАЏеф Безос беше дел од четиричлениот екипаж на ракетата која одлета во вселената на 20 јули (Фото: Гети)

    САД одново го дефинираа терминот астронаут откако милијардерите Ричард Бренсон и Џеф Безос успешно ги изведоа своите први летови во вселената, најавувајќи го почетокот на ерата на вселенски туризам.

    Новите правила на Федералната агенција за авијација (ФАА) велат дека оние кои сакаат да бидат астронаути мора да бидат дел од екипажот на летот и да придонесуваат за неговата безбедност. Тоз значи дека американската влада засега не ги смета Безос и Бренсон за астронаути. Единствениот услов за комерцијални астронаути што го исполнија тие е што летаа 80 километри над површината на Земјата.

    „Покрај височината, потенцијалните астронаути исто така мора да демонстрираат активности за време на летот кои се суштински за јавната безбедност или да придонесуваат за безбедноста на летот во вселената“, соопшти ФАА, што се први измени на правилата откако во 2004 година беше воведено крилото за комерцијални астронаути.

    Бренсон полета во вселената на 11 јули со ракетата на „Вирџин галактик“, додека Безос имаше десетминутен лет со неговата компанија „Блу ориџин“ девет дена подоцна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира