БИДИ АМБАСАДОРКА ЗА ЕДЕН ДЕН, АКЦИЈА НА БРИТАНСКАТА АМБАСАДА ЗА 8 МАРТ

    БИДИ АМБАСАДОРКА ЗА ЕДЕН ДЕН, АКЦИЈА НА БРИТАНСКАТА АМБАСАДА ЗА 8 МАРТПобедничката на конкурсот ќе работи еден ден со британската амбасадорка Рејчел Галовеј (Фото: Ѓ. Личовски)

    Амбасадата на Велика Британија во Скопје им нуди можност на млади девојки да бидат амбасадорки за еден ден, преку акцијата што ја спроведува по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

    Повикот за акцијата #AmbassadorForaDay важи за девојки на возраст од 18 до 25 години, кои се заинтересирани за тековните состојби и имаат идеи како да го променат општеството како поединци. Една од нив ќе има можност да работи со британската амбасадорка во Македонија, Рејчел Галовеј.

    Повикот е отворен до 1 март, а заинтересираните треба да пратат е-пошта на адресата [email protected]во која треба да ги изнесат своите идеи како би можеле да го променат општеството.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари