БОРИС ЏОНСОН ГО КРСТИ СИНОТ СПОРЕД ДВАЈЦАТА ДОКТОРИ КОИ ГО ЛЕКУВАА ОД КОВИД-19

    БОРИС ЏОНСОН ГО КРСТИ СИНОТ СПОРЕД ДВАЈЦАТА ДОКТОРИ КОИ ГО ЛЕКУВАА ОД КОВИД-19Борис Џонсон и Кери Симондс им оддадоа почит и на своите дедовци. (Фото: АФП)

    Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симондс објавија дека нивниот новороден син ќе се вика Вилфред Лори Николас. Симондс појасни дека бебето е крстено во чест на нивните дедовци и двајцата доктори кои го лекуваа британскиот премиер од КОВИД-19.

    „Не можеме да бидеме посреќни, нашите срца се полни“, напиша Симондс на Инстаграм.

    Бебето се роди во средата, само два дена по враќањето на Џонсон на премиерската функција, откако се излекува од коронавирусот. Тој излезе од болница на 12 април откако три ноќи помина и на интензивна нега поради влошување на симптомите.

    „Средното име Николас е посвета на д-р Ник Прајс и д-р Ник Харт, кои му го спасија животот на Борис минатиот месец“, кажа Симондс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира