Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери објавија дека утрово добиле ќерка.
„И мајката и бебето се добро“, изјави портпаролката на двојката.
Борис и Кери Џонсон се венчаа во мај годинава на мала црковна церемонија, која претходно не беше најавена. Тие го добија синот Вилфред во април минатата година, набргу откако Џонсон го прележа ковид-19.
Џонсон е третиот британски премиер во изминатите 20 години кој добил дете додека бил на функцијата. Тој има четири деца од бракот со адвокатката Марина Вилер, како и ќерка од вонбрачна врска, која сега има 11 години.