БРАЗИЛЕЦ ИЗЛЕКУВАН ОД ХИВ БЕЗ ДА МУ БИДЕ ПРЕСАДЕНА КОСКЕНАТА СРЖ

    БРАЗИЛЕЦ ИЗЛЕКУВАН ОД ХИВ БЕЗ ДА МУ БИДЕ ПРЕСАДЕНА КОСКЕНАТА СРЖСпоред Обединетите нации, 1,7 милиони луѓе се заразуваат со ХИВ секоја година

    ХИВ-позитивен Бразилец би можел да биде првиот пациент кој ефективно се излекувал од болеста без да му биде направена трансплантација на коскена срж, објавија научниците.

    Во изминатите години, двајца мажи, познати како Берлински и Лондонски пациент, наводно биле излекувани од болеста откако при лекување рак биле подложени на високоризично пресадување на матични клетки од коскената срж. Меѓународниот тим истражувачи вели дека третиот пациент поминал низ сосема поинаков режим на лекување.

    Станува збор за неименуван 34-годишен Бразилец, на кого ХИВ му бил дијагностициран во 2012. Како дел од истражувањето, тој земал неколку моќни антивирусни лекови, како маравирок и долутегравир, за да се испита дали тие можат да му помогнат да се ослободи од вирусот. Тој повеќе од 57 недели не ја прима терапијата за ХИВ и продолжува да има негативен тест за ХИВ антителата.

    Можеме да кажеме дека пациентот веќе ја нема болеста. Тој сега го контролира вирусот беа терапија. Не сме во можност да го детектираме вирусот и пациентот го губи специфичниот одговор на вирусот: ако ги немате антителата, значи дека ги немате и антигените“, изјави Рикардо Дијаз, експерт по заразни болести од Универзитетот во Сао Пауло.

    Според Обединетите нации, 1,7 милиони луѓе се заразуваат со ХИВ секоја година и моментално повеќе од 40 милиони луѓе живеат со него, иако болеста веќе не е толку смртоносна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира