БРИТАНИЈА ГО ДОБИ ПРВИОТ МИНИСТЕР ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД САМОУБИСТВО

    БРИТАНИЈА ГО ДОБИ ПРВИОТ МИНИСТЕР ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД САМОУБИСТВОНовата функција ѝ е доделена на досегашната министерка за здравство Џеки Дојл-Прајс

    Британската влада го доби првиот министер за превенција од самоубиство, во исто време кога во Лондон се одржува првиот глобален самит за ментално здравје.

    Премиерката Тереза Меј ѝ ја додели новата функција на досегашната министерка за здравство Џеки Дојл-Прајс, во надеж дека тоа ќе ја тргне стигмата која постои околу самоубиствата.

    Иако стапката на самоубиства паѓа, околу 4.500 Британци си го одземаат животот секоја година.

    Ова назначување уследи додека во Лондон се собрани министри и други официјални лица од повеќе од 50 држави, а на денешниот состанок, што се совпадна со Светскиот ден на менталното здравје, присуствуваа и војводата и војвотката од Кембриџ, Вилијам и Кејт.

    Владата, исто така, вети поголема помош во училиштата, во кои ќе бидат вклучени тимови за поддршка.

    „Самоубиствата имаат трагичен, уништувачки и долготраен ефект врз семејствата. Тие луѓе треба да бидат во срцето на она што ние го правиме“, изјави Дојл-Прајс.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари