БРИТАНЦИТЕ ТРЕНИРААТ КУЧИЊА ДА МОЖАТ ДА ГО НАМИРИСААТ КОРОНАВИРУСОТ КАЈ ЛУЃЕТО

    БРИТАНЦИТЕ ТРЕНИРААТ КУЧИЊА ДА МОЖАТ ДА ГО НАМИРИСААТ КОРОНАВИРУСОТ КАЈ ЛУЃЕТО„Медикал детекшн догс“ веќе има обучувано кучиња да намирисаат маларија, Паркинсонова болест и некои видови рак (Фото: Медикал детекшн догс)

    Велика Британија почнува со тестирања кои треба да покажат дали специјално обучени кучиња можат да го намирисаат коронавирусот кај луѓето.

    Хуманитарната организација „Медикал детекшн догс“ веќе има обучувано кучиња да откриваат маларија, Паркинсонова болест и некои видови рак преку своето чувство за мирис. Првата фаза од тренингот ќе ја спроведува Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, заедно со Универзитетот Дурем. Проектот е поддржан од британската влада со 500.000 фунти.

    Тие ќе се тренираат со веќе проверен метод – преку мирисање примероци од заразени пациенти во тренинг-центарот на организацијата.

    Тестирањето ќе испита дали таканаречените КОВИД кучиња, што опфаќа лабрадори и кокер шпаниели, можат да го препознаат вирусот кај луѓето пред да се појават симптоми. Ако пробата биде успешна, тие би правеле скрининг на околу 250 луѓе на час и би можеле да се користат на јавни простори, како аеродроми и железнички станици.

    Десетгодишните истражувања на „Медикал детекшн догс“ покажаа дека кучињата можат да бидат истренирани да го препознаат мирисот на одредена болест.

    „Сигурни сме дека нашите кучиња ќе успеат да го пронајдат мирисот на КОВИД-19“, вели д-р Клер Гест, коосновач и извршен шеф на „Медикал детекшн догс“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира