ДА ПОСТОЕШЕ ФЕЈСБУК ВО 1930-ИТЕ, ЌЕ ДОЗВОЛЕШЕ АНТИСЕМИТСКИ РЕКЛАМИ НА ХИТЛЕР, ВЕЛИ АКТЕРОТ САША БАРОН КОЕН

    ДА ПОСТОЕШЕ ФЕЈСБУК ВО 1930-ИТЕ, ЌЕ ДОЗВОЛЕШЕ АНТИСЕМИТСКИ РЕКЛАМИ НА ХИТЛЕР, ВЕЛИ АКТЕРОТ САША БАРОН КОЕНКоен го нападна Марк Закерберг кој најави дека нема да ги забрани политичките реклами во кои што се изнесуваат лажни тврдења (Фото: Ројтерс)

    Да постоеше Фејсбук во 1930-ите, тој ќе му дозволеше на Хитлер да ги шири своите антисемитски верувања на платформата, вели британскиот актер и комичар Саша Барон Коен.

    Тој исто така ги критикуваше Гугл, Јутјуб и Твитер за промовирање апсурдности на милијарди луѓе.

    Интернет компаниите и гигантите на социјални медиуми се наоѓаат под голем притисок да го спречат ширењето дезинформации и говор на омраза. Твитер прв објави дека ќе забрани секаков облик на политичко рекламирање на својата платформа почнувајќи од 22 ноември, една година пред одржувањето на претседателските избори во САД. Минатата недела, и Гугл најави дека ќе воведе ограничувања во политичкиот маркетинг.

    Во својот говор на јавен настан во Њујорк, Коен го нападна Марк Закерберг кој продолжи да го брани својот став дека нема да ги забрани политичките реклами во кои што се изнесуваат лажни тврдења.

    „Ако му платите, Фејсбук ќе пушти каква било политичка реклама, дури и ако е лага. Според таа извртена логика, доколку Фејсбук постоеше во 1930-ите, тој би му дозволил на Хитлер да објавува кратки реклами за своето решение за еврејскиот проблем. Време е за суштинска обнова на социјалните медиуми, кои сега шират лаги, омраза и заговори“, изјави Коен.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари