ДАНСКА ТУРИСТКА НЕГИРА ДЕКА ВО ОХРИД СЕ БАКНУВАЛА СО АНГЛИСКИОТ БОКСЕР ТОМИ ФЈУРИ И ДЕКА ТОЈ ЗАТОА СЕ РАЗДЕЛИЛ СО РИЈАЛИТИ ЅВЕЗДАТА МОЛИ-МЕЈ ХЕЈГ

    ДАНСКА ТУРИСТКА НЕГИРА ДЕКА ВО ОХРИД СЕ БАКНУВАЛА СО АНГЛИСКИОТ БОКСЕР ТОМИ ФЈУРИ И ДЕКА ТОЈ ЗАТОА СЕ РАЗДЕЛИЛ СО РИЈАЛИТИ ЅВЕЗДАТА МОЛИ-МЕЈ ХЕЈГДанката Мила Корфиксен во Охрид го запознала англискиот боксер Томи Фјури кој месецов се раздели од англиската ријалити ѕвезда Моли-Меј Хејг по пет години врска. (Фото: Инстаграм/Гети)

    Мила Корфиксен (20) од Данска, која е на летување во Охрид, негираше дека во познат охридски ноќен клуб го бакнала англискиот боксер Томи Фјури, кој на средината на месецов се раздели од англиската ријалити ѕвезда Моли-Меј Хејг по пет години врска. Хејг на 14 август ја сподели веста на Инстаграм со нејзините 7,9 милиони следбеници, додавајќи дека малку ќе одмори од социјалните мрежи.

    Фјури и Хејг се запознаа на снимањето на реалното шоу „Љубовен остров“ (Love Island) во 2019 и се свршија во 2023, и на почетокот на таа година им се роди ќерката Бамби.

    „Дејли мејл“ објави дека Фјури и Хејг се разделиле поради продавачката на накит Мила од Данска, која е на летување во Охрид каде што е и боксерот и тој наводно ја бакнал на забава во охридски ноќен клуб. Сведоци тврдат дека боксерот „не се грижел“ кој го видел како ја бакнува русокосата додека пиел вотка и се забавувал во ноќен клуб во 2 часот по полноќ.

    Томи – помладиот брат на поранешниот светски шампион Тајсон Фјури (36) – преку портпарол негираше дека ја изневерил Хејг.
    „Томи е ужаснат од лажните наводи за изневерување што ги шират медиумите и тој се консултира со своите адвокати“, изјави портпаролот.

    Мила Корфиксен негираше дека ја бакнувала ѕвездата на „Љубовен остров“ и изјави дека тој бил совршен џентлмен, а таа има момче. За „Сан“ изјави дека била шокирана кога дознала за разделбата на Томи и Моли-Меј.

    „Јас сум девојката, но ништо не се случи. Само се забавувавме“, рече Корфиксен, која летува во Охрид каде има семејство, а се вели дека е редовна на забавите во регионот.

    Таа откри дека се забавувала со Томи и неговите пријатели, откако ги запознала преку членовите на неговиот тим за обезбедување. Вели дека ѝ препорачала на групата ноќни клубови за забава на плажа.

    „Нè поканија на неговата маса, се забавувавме и толку. Ништо не направивме. Никогаш не би направила ништо со оженет маж, бидејќи тој е во основа е оженет, со мало дете“, рекла Корфиксен. Таа објасни: „Го запознав Томи во клуб  каде што беше со неговиот телохранител Брендон и пријателите, но не разговарав со него таму. Брендон праша на која плажа можат да одат бидејќи не знаеја ништо за местото, а јас реков: ‘Се разбира дека ќе ви помогнам’“.

    Корфиксен вели дека се сретнале со Фјури само во еден клуб, но и таму само разговарале.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира