ДЕЦА ОД ЦЕЛА ЕВРОПА ЌЕ СОЗДАВААТ ИНТЕРАКТИВНО УМЕТНИЧКО ДЕЛО ЗА ИДНИНАТА НА ПЛАНЕТАТА ДОДЕКА ГЕРМАНИЈА ПРЕТСЕДАВА СО ЕУ, ВОЗРАСНИТЕ ДА ГИ СЛУШНАТ ШТО ИМААТ ДА КАЖАТ

    ДЕЦА ОД ЦЕЛА ЕВРОПА ЌЕ СОЗДАВААТ ИНТЕРАКТИВНО УМЕТНИЧКО ДЕЛО ЗА ИДНИНАТА НА ПЛАНЕТАТА ДОДЕКА ГЕРМАНИЈА ПРЕТСЕДАВА СО ЕУ, ВОЗРАСНИТЕ ДА ГИ СЛУШНАТ ШТО ИМААТ ДА КАЖАТОлафур Елијасон преку своето дело Earth Speakr ги повикува децата да зборуваат за иднината на нашата планета (Фото: Л. Боргес)

    Германија во наредните шест месеци ќе претседава со Европската Унија и таа преку својата културна програма ги охрабрува сите жители на Европа да бидат активни.

    Во центарот на оваа програма е Earth Speakr, соработка помеѓу данско-исландскиот концептуален уметник Олафур Елијасон и најмладите жители на Европа, преку која тој им овозможува јавно да ја изразат својата визија за иднината на континентот и светот.

    Earth Speakr е интерактивно уметничко дело кое ги повикува возрасните, оние кои носат одлуки и глобалните лидери да слушнат што децата имаат да кажат. Earth Speakr користи аугментативна реалност, бесплатна апликација и интерактивна интернет страница (www.earthspeakr.art), достапна на 24 официјални јазици во ЕУ.

    Овој проект ги повикува децата од цела Европа заеднички да создадат уметничко дело така што ќе зборуваат за иднината на нашата планета. Во наредните шест месеци секој ќе може да ја даунлодира апликацијата и да ја анимира својата околина користејќи разиграна интерактивна технологија.

    Earth Speakr е колективно уметничко дело кое ги повикува децата да бидат уметници. Што ќе стане Earth Speakr, зависи од оние кои зборуваат, од нивните креативност и имагинација. Делото ќе се создава од нивните мисли, визии, грижи и надежи. Нема точно или погрешно, секој може лесно да учествува“, изјави Елијасон.

    Делото е финансирано од Министерството за надворешни работи на Германија, во соработка со Гете институтот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира