ДЕЗИНФИЦИРАЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ ПРЕД ДА ВЛЕЗЕТЕ ВО КОЛА

    ДЕЗИНФИЦИРАЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ ПРЕД ДА ВЛЕЗЕТЕ ВО КОЛАОвие денови е подобро и побезбедно неодложните патувања да се прават со автомобил

    „Останете дома“ е најчестиот совет што медицинските лица го даваат за заштита од коронавирусот. Властите препорачуваат да не се патува без поголема потреба, но за некои е неопходно за извршување на секојдневни работни и приватни обврски. Доколку, сепак, мора да патувате, добро е да ги знаете следните работи.

    Колку помалку меѓусебни контакти, толку е помал ризикот од заразување. Доколку можете да изберете помеѓу јавен превоз и приватен автомобил, сега е подобро и побезбедно неодложните патувања да се прават со автомобил.

    Добро е во автомобилот да имате средство за дезинфекција, влажни марамчиња и гел за раце на база на алкохол, како и маска и ракавици.

    Пред да влезете во возилото, направете дезинфекција на рацете, а по завршувањето на патувањето препорачливо е да се дезинфицира кабината, со акцент на воланот, менувачот и други делови кои биле на дофат во текот на возењето.

    Бидете трпеливи при чекање во подолги редици и имајте разбирање за поголемата претпазливост што ги забавува работниците додека ве услужуваат.

    Не може во целост да се избегнува контакт со луѓето, па добро е да ги планирате патувањата. Тоа подразбира користење на ист маркет, бензинска станица, аптека или банка и притоа не заборавајте да држите растојание од најмалку 1,5 метри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира