ДОПИСНИКОТ НА САКАМДАКАЖАМ.МК ВАНЕ ТРАЈКОВ ОД СТРУМИЦА ДОБИТНИК НА НАГРАДА НА ЗНМ

    ДОПИСНИКОТ НА САКАМДАКАЖАМ.МК ВАНЕ ТРАЈКОВ ОД СТРУМИЦА ДОБИТНИК НА НАГРАДА НА ЗНМТрајков е награден за серијалот текстови за проблематичниот тендер на ЈП „Комуналец“ од Струмица, кој резултираше со поништување на тендерот. (Фото: Фејсбук)

    Дописникот на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК Ване Трајков од Струмица ја доби годинешната награда на ЗНМ „Крсте Петков Мисирков“ за најдобра истражувачка сторија за теми од локално и регионално значење.

    Трајков е награден за серијалот текстови за проблематичниот тендер на ЈП „Комуналец“ од Струмица, кој резултираше со поништување на тендерот.

    Наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело ѝ беше доделена на долгогодишната новинарка на МРТ и известувач од Собранието Мира Костиќ, која годинава стави крај на својата богата новинарска кариера. Наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство им припадна на новинарите на емисијата „360 степени“ Зоран Јовановски и Славица Филиповска за прилогот со наслов „360 на терен со УЈП – итроштини и ургенции на секој чекор“.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира