ЕГИПЕТ ОТКРИ 59 КОВЧЕЗИ НА СВЕШТЕНИЦИ ОД ПРЕД 2.500 ГОДИНИ

    ЕГИПЕТ ОТКРИ 59 КОВЧЕЗИ НА СВЕШТЕНИЦИ ОД ПРЕД 2.500 ГОДИНИСледна фаза е отворање на ковчезите и проучување на нивната содржина, пред да бидат изложени во Големиот египетски музеј, кој се очекува да се отвори следната година. (Фото: Ројтерс)

    Египет претстави во јавност 59 ковчези кои им припаѓале на свештеници и црковни службеници од 26. династија од пред 2.500 години. Археолозите велат дека уште десетина биле најдени пред неколку дена во огромна некропола во Сахара.

    Педесет и деветте ковчези беа пронајдени во август во подрачјето заштитено од УНЕСКО, на југот од Каиро, кои биле закопани во три дупки од 10-12 метри, заедно со 28 статуи од египетскиот бог Секер, бог на подземниот свет.

    Ова археолошко истражување е активно од 2018, и досега беа откриени мумифицирани животни како и добро сочуван гроб на кралски свештеник од петатта династија.

    Мустафа ал-Вазири, генерален секретар на Врховниот совет за антиквитети на Египет изјави дека ковчезите биле во одлична состојба, благодарение на заштитен оклоп кој ги заштитил од хемиски реакии. Следна фаза е отворање на ковчезите и проучување на нивната содржина, пред евентуално да бидат изложени во Големиот египетски музеј, кој се очекува да се отвори следната година.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира