„ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ ДОДЕЛИ СТИПЕНДИИ ЗА НАЈДОБРИТЕ 30 СТУДЕНТИ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“

    „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ ДОДЕЛИ СТИПЕНДИИ ЗА НАЈДОБРИТЕ 30 СТУДЕНТИ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“Изминативе шест години „Еуролинк осигурување“ додели повеќе од 150 стипендии на студентите од Правниот факултет. (Фото: Еуролинк)

    „Еуролинк осигурување“ додели 30 стипендии на најдобрите студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје, за учебната 2019/2020 година, во вкупна вредност од 1.700.000 илјади денари. Договорите беа потпишани вчера во просториите на компанијата, која веќе шест години по ред ги доделува стипендиите, како дел од долгорочната платформа за корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.

    „Претседателката на Надзорниот одбор на ’Еуролинк осигурување‘ Олга Костовска им посакува на сите стипендисти да бидат упорни и доследни во реализирање на своите зададени животни цели, да бидат одговорни кон своите обврски и да ја негуваат хуманоста“, велат од компанијата.

    „Еуролинк“ стипендијата е наменета за покривање на трошоците за кофинансирање на редовните студенти од првиот и вториот циклус на студиите. Стипендијата за студентите од првиот циклус е во висина од 40 илјади денари, додека стипендијата за студентите од втор циклус изнесува 60 илјади денари.

    Во изминативе шест години „Еуролинк осигурување“ додели повеќе од 150 стипендии на студентите од Правниот факултет.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира