ФАРМИ ЗА МАРИХУАНА МАСОВНО ГОРАТ ВО ПОЖАРИТЕ ВО КАЛИФОРНИЈА

    ФАРМИ ЗА МАРИХУАНА МАСОВНО ГОРАТ ВО ПОЖАРИТЕ ВО КАЛИФОРНИЈАВо пожарите досега загинаа 23 луѓе, а најмалку 285 се водат како исчезнати (Фото: АП)

    Смртоносните пожари кои веќе неколку дена оставаат пустош низ северна Калифорнија предизвикаа големи штети и во индустријата на канабис, непосредно пред да се почне со неговата легална употреба.

    Во пожарите досега загинаа 23 луѓе, а најмалку 285 се водат како исчезнати и пожарникарите не успеваат да ги стават под контрола поради силните ветрови.

    Голем број фарми за марихуана изгореа во таканаречениот Смарагден триаголник во областа Мендосино и производителите се пожалија дека загубите ќе бидат огромни.

    „Моментално, никој нема осигурување. Можеби, се осигурани куќите, но не и посевите“, вели Ники Ластрето од Асоцијацијата на производителите на канабис од Мендосино.

    Тие не можат да го осигураат својот бизнис, бидејќи според федералниот закон, канабисот сѐ уште е нелегален.

    Во Калифорнија има околу 15.000 фарми за марихуана и од Асоцијацијата засега немаат информации колку од нив се уништени.

    Медицинската марихуана е легална во Калифорнија од 1996 година, но од јануари 2018 ќе смее да се користи и рекреативно.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари