ФЕДЕРЕР Е ПРВА ЖИВА ЛИЧНОСТ ЧИЈ ЛИК ЌЕ СЕ НАЈДЕ НА ШВАЈЦАРСКИОТ ФРАНК

    ФЕДЕРЕР Е ПРВА ЖИВА ЛИЧНОСТ ЧИЈ ЛИК ЌЕ СЕ НАЈДЕ НА ШВАЈЦАРСКИОТ ФРАНКФедерер прво ќе добие монета од 20 франци, а потоа во мај и златна монета од 50 франци. (Фото: Би-Би-Си)

    Роже Федерер е прва жива личност чиј лик ќе се најде на монета во Швајцарија. Тамошните власти објавија дека во јануари ќе биде издадена комеморативна сребрена монета од 20 швајцарски франци со ликот на 20-кратниот освојувач на гренд слем титулите, а потоа во мај и златна монета од 50 франци.

    „Ѝ благодарам на Швајцарија што ми укажа ваква неверојатна чест и привилегија“, изјави 38-годишниот Федерер.

    Федерер, можеби најпознатиот Швајцарец на светот, има освоено 103 АТП-титули, од кои 20 од гренд слем и 28 од Мастерс турнирите. Тој има поминато рекордни 310 недели на врвот на АТП-листата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира